Стоиљковиќ со свое објаснување за падот на Заев : “Одбрана и последњи дани!”

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ на свој начин ја објаснува македонската политичка реалност.



“Борислав Пекић во неговиот последен роман “Одбрана и последњи дани” како дел од трилогијата во која се вклучени романите “Успон и пад Икара Губелкијана” како и “Како утишати вампира” (насловот одговара на нашите заложби, се знае кои се вампирите), пишува дека животот на луѓето е како стоечка вода, бара којa што ќе се замати само ако во неа фрлиш камен. Е па граѓаните го фрлија каменот на изборите, и нормално талогот се подигна, но набрзо работите ќе се слегнат, талогот ќе си се врати пак на дното и ќе си остане она што секогаш бил, талог.

П.С. Сликата кажува милион зборови за нашата реалност”, пишува Стоиљковиќ.