Поранешниот министер Џевдет Хајредини му одговори на Али Ахмети кој рече дека е во контакт со САД, НАТО и ЕУ и дека ќе постапуваат без емоции и еуфорија, по најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ново парламентарно мнозинство.
Благодарение на твојот „контакт” со САД, НАТО и ЕУ, Македонија после 20 години дојде во ситуација во која се наоѓа денес, напиша Хајредини.




