Алтернатива: Договорот потпишан синоќа сè уште трае

Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани за порталот Телеграфи вели дека договорот постигнат синоќа стои.



„Договорот постигнат синоќа се уште трае. Нема промена“, изјави Муртезани

Денеска вистинска прашина се крена откако пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, изнел забалешкиза вклучувањето на партијата Левица во „фронтот“ за рушење на Владата.

„Пратеникот Реџепи има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во коалицијата за рушење на оваа хибридна власт на СДСМ и ДУИ. Сметаме дека има алтернатива и решение и за ова прашање“, велат изворите од Алтернатива за „Слободен печат“.

Дел од медиумите денеска шпекулираа дека еден од пратениците на Алтернатива се подготвува да го повлече својот потпис од иницијативата за ново мнозинство од 61 пратеник.