Поминуваат цели 5 дена откако повеќе медиуми објавија дека е прашање на денови кога премиерот Заев формално ќе даде оставка а тој се уште не поднесол никаков документ до спикерот Џафери.
На втори овој месеци редакцијата на македонски јазик на германскиот јавен сервис Дојче веле во текст потпишан од Б.Г. цитираше извори во кабинетот на Заев според кои тој нема да одоговлекува со формализирање на оставката.
Наредниот ден во друг текст на Дојче Веле потпишан од новинарката Катерина Блажевска се цитираат извори во кабинетот на Заев според кои оставката на премиерот е прашање на денови и таа треба да е составена до крајот на неделава.
“Откако во коалицијата ќе бидат усогласени предлозите за идната влада, оставката на премиерот веднаш ќе биде доставена до Собранието“, велат извори од СДСМ.
Премиерот Зоран Заев нема никаква намера да одолговлекува со најавената оставка и таа би требало да биде поднесена до крајот на неделата, тврдат извори блиски до премиерот во оставка.
Неформално го спомнуваат петок, иако не исклучуваат некој ден плус, бидејќи, како што велат, тоа не зависи од негово двоумење околу оставката, туку исклучиво од финиширањето на разговорите и консултациите со коалициските партнери околу новиот мандатар и предлозите на кадри кои треба бидат во новиот владин кабинет”, објави Дојче Веле во средата.
Вчера заврши работната недела а утре завршува и целата недела за кои брифирале изворите на Дојче веле а Заев се уште не поднесува оставка до Собранието.
Поврзана вест
Политичко – новинарски спинови и манипулации
Што кажа Мицкоски за ДУИ а што пренесоа медиуми блиски на Заев






