Пратеник на Алтернатива против мнозинство во кое е и Левица!?

Новинската агенција Журнал на албански јазик објави дека пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд, нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и Левица на Апасиев.



Агенцијата, повикувајќи се на свои неименувани партиски извори, објавува дека тој е категорично против соработка со партијата Левица, партија позната како анти-НАТО, анти-ЕУ и антиамериканска, против Договорот од Преспа и Охридскиот договор, и најавил дека ќе побара од неговата партија да се повлече од овој договор, пренесува Журнал.мк.

Алтернатива како партија не била информирана дека во ова ново мнозинство е и Левица на Апасиев, туку имале информации дека ќе биде вклучена ЛДП на Горан Милевски .

Сега пратеникот Зејд бара неговата партија да се повлече од мнозинството, во спротивно тој нема да гласа за оваа влада, пренесува Журнал.