Директорка на ДУИ и бивш член на УЧК се заканува: Не играјте со оган, ние сме никнале во војна

Долгогодишна директорка на ДУИ и екс член на УЧК Шкодране Дардишта не се согласува со ставот на лидерот Али Ахмети кој порача дека со ситуацијата се справува без емоции и еуфорија.



Кадарот на ДУИ која цела деценија беше директор во скопскиот клинички центар а сега е член на директори на Телеком по објавата дека е можно да оди во опозиција објавува заканувачки пост според кој во Македонија е можен конфликт ако ДУИ не е на власт.

“Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа,за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. “Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него”, пишува воинствената директорка на ДУИ која сега зема огромна плата како државен претставник во Македонски Телеком.

Во нејзиниот пост Дардишта вели дека постот го објавува од Илирида а не од Македонија.

Директорката во 2001 година се сликала со ракетен фрлач во близина на браната во Липково кога 100 илјади луѓе немаа вода во Кумановско.