Што кажа Мицкоски за ДУИ, а што пренесоа медиуми блиски на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција кажа дека на овие избори покрај падот на Заев имал цел да го развласти ДУИ и во тоа успеал, особено во Тетово и Гостивар кои Ахмети ги загуби со помош на гласови на најголемата македонска партија.



Порталот А1 Он кој е близок на СДСМ објавува текст со наслов “Мицкоски нема проблем да коалицира со ДУИ во нива влада” во кој воопшто не се споменува изјавата на Мицкоски дека покрај падот на СДСМ имал цел да го развласти ДУИ и во тоа успеал.

Иако во насловот на текстот новинарот Кристијан Ландов и главниот уредник Предраг Петровиќ тврдат дека Мицкоски би коалицирал со ДУИ во нова влада тие во текстот не ги објавуваат изјавите на лидерот на опозицијата според кои падот од власт на ДУИ е всушност една од остварените цели на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот на А1 ОН на овој линк

https://a1on.mk/macedonia/mickoski-nema-problem-da-koalicira-so-dui-vo-nova-vlada/

Целото видео со пресот на Мицкоски од кое се гледа дека медиуми под контрола на СДСМ прават медиумски спин и манипулација за позицијата на Мицкоски кон ДУИ.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/844911002866679/

Најчитани вести

Невообичаено директна реакција на врвната интелектуалка за германскиот државен медиум

Професорката Котеска до Дојче Веле на македонски: Платеници е мало име за тоа што сте