Блискиот соработник и советник на премиерот во заминување изрази сомнеж за информацијата од опозицијата дека со БЕСА е направено ново парламентарно мнозинство.
Советникот за комуникации на Заев Марјан Забрчанец смета дека новото мнозинство имало само една заедничка работа а тоа е желба за власт.
“Овој состав значи конфликт на принципи, конфликт на ставови, конфликт на политики и конфликт на вредности. Таков политички состав не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата, бидејќи единственото заедничко на таа маса е желбата за власт.
Доколку навистина има ново парламентарно мнозинство очекуваме тоа да се потврди низ соодветните собраниски процедури и евентуален избор на нова Влада.
Односно ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада”, објави доцна вечерва советникот на Заев.





