Пристигна уште една група граѓани на Авганистан

Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите Нации за кои Северна Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава. Земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.



Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош, а веќе заминаа 84 граѓани кои времено престојуваа во Македонија.