Сугарески веќе не е претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Претседателот и воедно член на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески поднел оставка од неговата функција, како последица на лошите резултати на локалните избори.



„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.

Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки“ напиша Сугарески на Фејсбук кој вели дека останува член на партијата.