Се бара ревизија на работењето на досегашниот градоначалник на Карпош

Бројните индиции за нерегуларноста во работењето на општината предводена од Стефан Богоев е главната причина советниците на Левица од оваа Општина да достават барање до Државниот завод за ревизија.



„Очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија – изјави Мартин Димоски,советник во Општина Карпош.

Тој информира дека последната ревизија во Општина Карпош од страна на Државниот завод за ревизија е спроведена во 2017 година.

Со ова барање, се иницира спроведување на три вида на ревизија: ревизија за регуларност, ревизија за усогласеност и ИТ ревизија.