Желино во кое се роди една партија (како двизењето Беса) може да биде и Желино што растура една Влада.
Ова е пораката што на Фејсбук ја објави министерот за земјоделие од БЕСА Аријанит Хоџа.
Пораката на Хоџа се однесува на прегласувањето во Желино каде ќе се повторат изборите на две места.

Во општина Желино победи градоначалник од БЕСА со 72 гласа повеќе од ДУИ.
Но ДУИ до ДИК поднела приговори за прегласување во 2 места, што може да го смени резултатот.
Сега БЕСА им порачува на членовите на СДСМ и ДУИ во ДИК дека ако се прифатат приговорите за Желино и им се одземе победата, ќе размислат дали ќе гласаат за избор на нова влада предводена од Заев.





