Професорката Гордана Силјановска Давкова со анализа на ставот на министерот за надворешни работи Бујар Османи според кого Заев поставил стандарди со оставката но сега не е време за стандарди и етика.
“Слаткоречивиот политички жонглер, г-динот Бујар Османи, на АЛСАТ, мудро изјави: „најавената оставка на премиерот постави нови етички стандарди во политиката, што има рефлексија во регионот! Замислено продолжи : .. „ мислам дека не е момент за поставување на стандарди и етика. Имаме пореални проблеми со посериозни последици од етаблирање на етички стандарди.?!
ТЕШКИ думи, тешка контрадикција. Како може најавена оставка да биде етички чин, па дури и нов етички стандард? Најавата е декларација, не е реалност. Како може најавена оставка да има рефлексија во регионот? Само вистинска оставка може да има просветителско влијание.
За некој кој дал Хипократова заклетва во професијата, а доволно долго е во политиката, чудно е да верува дека политиката е можна без ЕТИКА. За некој кој илјадници пати повикувал на ЕУ, неверојатно е да не знаете дека modus vivendi на ЕУ се вредноситите, а меѓу нив на ВРВОТ е ЕТИКАТА!
Како што Аристотеловата „ Политика“ е природно продолжение на „ Никомаховата етика“, така Бујаровата релативизација на ЕТИКАТА е природно продолжение на ДУИ негацијата на правото и правната држава!”, пишува професорката Силјановска Давкова осврнувајќи се на контроверзниот став на Османи дека не е време за етика.





