Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (32г, 70г, 70г, 87г и 88г), 2 лица од Куманово (75г и 86г) и по едно починато лице од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г), Кочани (87г) и Тетово (85г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на починати со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1), Битола(1), и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои едно е починато во болнички услови , а 3 се починати во домашни услови.
Од направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на ковид-19, информира податоците од Институтот за јавно здравје.
Во Скопје има 214 новозаболени, во Битола 58, во Куманово 30, Кавадарци 27, Велес 26, Тетово 23, Штип 22, Прилеп 19, Кочани 18, Крива Паланка 15, Пробиштип 11, Кичево 9, Струмица и Неготино по 8, Гевгелија, Радовиш и Кратово по 7, Берово и Крушево по 6, Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар по 5, Валандово 4, во Струга и во Македонска Каменица по двајца и во Богданци еден нов случај.
Регистрирани сe 390 оздравени пациенти.






