„Командантот во војна – Претседателот во мир’ што пензионира многу македонски премиери!“

„На општествените мрежи се шири една фотографија, во која на средината е Али Ахмети, лидерот на ДУИ, додека на 6 други помали фотографии од страните, пречкртани со „X“, се поранешните премиери, кои беа на сцената во текот на изминатите 20 години. Меѓу пречкртаните фотографии се наоѓа и онаа на Зоран Заев, кој даде оставка на позицијата премиер.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата вест со наслов „Али Ахмети ‘пензионира’ многу премиери, фотографија што се шири со молневита брзина од активистите на ДУИ!“

Инаку, на веб – профилот „Командант во војна & Претседател во мир = АЛИ АХМЕТИ“
од каде е преземена оваа фотографија, се наоѓа и една објава, во која зборот „премиери“ е ставен во наводници, додека Али Ахмети не се наведува во наводници:
“Премиерите доаѓаат и си заминуваат“
Лидерот Али Ахмети останува главен центар и непоразена фигура во с.Македонија
Доаѓаат многу очекуваните рокади и во ДУИ на заслужените.“