Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, др Ханс Клуге, предупреди дека Европа и Централна Азија се пак епицентар на ковид-пандемијата:
„Стапката на хоспитализација заради Ковид-19 повеќе од двојно се зголеми за една недела, врз основа на последните податоци од Европа.
Според една веродостојна проекција, ако останеме на оваа траекторија би можеле да се соочиме со дополнителни половина милион смртни случаи од Ковид-19 во Европа и централна Азија до 1-ви Февруари наредната година а 43-те земји во нашиот регион ќе се соочат со огромен притисок на болничките кревети во некој момент во истиот период“, вели Клуге.






