„Претстои седница на Централното претседателство на Алијансата на Албанците, на која ќе се расправа за евентуална одговорност на нејзиниот лидер Зијадин Села во врска со резултатите, кои ги постигна оваа партија на локалните избори.“ – јави ТВ Алсат, а пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА во веста со наслов „Дали ќе даде оставка Зијадин Села од позицијата претседател на Алијансата на Албанците?“
ИНА пренесува: „Запрашан дали ќе поднесе оставка по резултатите на годинашниве локални избори, во емисијата ‘Пат кон’ лидерот на опозициската албанска партија Алијанса на Албанците Зијадин Села одговори дека тие се сега засега се уште во изборен процес, со оглед дека во Дебар претстои трет изборен круг. ‘Во моментот кога ќе се собере Централното претседателство на партијата јас сам ќе ја отворам оваа тема.’ – истакна Села.“
„Покрај другото, Села рече дека еден политичар треба да даде оставка кога ќе ја загуби моќта: „Вообичаено еден политичар треба да даде оставка кога ќе ја загуби својата моќ. Влегуваме во целосен хаос како општество во целина. Би бил среќен мојата оставка како претседател на Алијансата на Албанците да ја побараат структурите на партијата. Тие досега не ја побарале таа оставка. Ние сме се уште во изборен процес и го имаме Дебар. Во нашата партија е легитимно да се бара одговорност од претседателот на партијата. Слободниот збор не е забранет никогаш. Во моментот кога ќе се собере Централното претседателство ќе има посебна точка, за да се отвори темата за претседателот на партијата. Да кажат членовите на Претседателството што мислат во врска со тоа и за да се донесе одлука.“
„Вечерва во 22 часот ќе биде прикажано целосното интервју на ТВ Алсат во емисијата „Пат кон“ и првиот настап на Зијадин Села по локалните избори.“





