Меѓу понудите кои пристигнале за набавка на 900.000 тони јаглен за РЕК Битола за надминување на енергетската криза за време на грејната сезона, не пристигнала и понуда од Грција, која инаку би била најповолна.



„Не добивме понуда од Грција, меѓутоа тамошните компании, повеќе државната компанија, си ги чуваат резервите на јаглен заради турбуленциите на пазарот“, вели Васко Ковачевски, директорот на АД ЕСМ, во „Утрински брифинг“

Тој уверува дека јагленот со кој ќе работат два блока на РЕК Битола ќе пристигне до декември и истиот ќе се користи до 15 амрпил, односно додека трае грејната сезона.

„Има 14 понуди, има компнија на пример која нуди јаглен од Босна, Црна Гора и други места. Тоа значи дека наредната недела, доколку ја завршиме анализатра, до 15 ноември ако ја завршиме постапката и до крајот на месецот ќе започнат со пристигнување на првите количини јаглен“, проценува Ковачевски.