Една од најжестоките критичарки на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија академик Катица Ќулафкова денеска добила високото француско државно одликување.
Академик Ќулафкова со одлука на француската влада доби титула витез.
“Од денес, Витез на уметноста и книжевноста, одликувана од Министерството за култура нa Франција – чест и радост😊
Nomme’e Officier de l’ordre des arts et des lettres par Ministre de la culture de France. Merci France 💜”, вели Ќулафкова која е еден од малкумината македонски академици кои од почетокот јавно се спротивставуваше на контроверзните политики на владата на Заев.






