Во емисијата Економски Магазин на Алсат која ќе се емитува вечерва во 22 часот министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека рестрикции со струја нема да има, но дека веќе утре на Владата ќе и предложи прогласување на енергетска кризна состојба.
„…важно е да се истакне фактот и на граѓаните да им биде јасно дека рестриктивни мерки во однос на снабдување со електрична енергија моментално не се предвидуваат иако што сме направиле измена во уредбата која предвидува прогласување на кризна состојба“,смирува министерот за економија, како што пренесе Алсат.
Претходно денеска, „Слободен печат“ објави дека Уредбата на владата донесена ден пред локалните избори предвидува неколку „нивоа“ по кои ќе оди заштедата на електрична енергија во периодот што следува:
„Исклучување на сите светлечки реклами; намалување до сигурносен обем на осветлението на улиците, плоштадите и другите објекти; ограничување на осветлување на излози – исто до сигурносен минимум и забрана за употреба на електрична енергија за додатно загревање на деловни и службени простории, се четирите мерки предвидени за ограничување на потрошувачката на струја во новата уредба која е основа да се прогласи енергетска криза во државата и по потреба да се воведат вакви рестрикции. Во Уредбата не се споменуваат рестрикции во домаќинства“, објави „Слободен печат“.
Бектеши, во емисијата која треба да се емитува вечерва уверува дека минимално ќе се зголеми цената на електричната енергија…







