СДСМ е против предвремени избори. Предлогот на Христијан Мицкоски, според нив, е резултат на неможноста да направи ново парламентарно мнозинство, како што најавуваше. Тврдат дека парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и на народот.
– Во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да почнеме преговори со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата во ризик и нема да гласа за брзи предвремени избори, соопштуваат од сдсм.
СДСМ тврди дека партиите од владината коалиција на советничките листи освоиле вкупно 419 илјади 180 гласови, што е за 19 илјади 90 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата. Или во мандати, 61 советничко место повеќе. СДСМ и коалицијата нема да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа што ја освои на локалните избори, се вели во соопштението од владеачката партија.




