Алијанса за Албанците сака ново парламентарно мнозинство

„Ние цениме дека додека е на власт ДУИ не може да има слободни избори. Оваа Влада во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет, ниту пак подготвеност за слободни, фер и демократски избори“ – велат од Алијанса за Албанците.



Според нив, не може да се зборува за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, кога граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат.

Од Алијанса за Албанците за МКД.МК велат дека се за ново парламентарно мнозинство.

„Нашата стратегија е во Собранието да се формира ново парламентарно мнозинство и на тој начин уште еднаш да се делегитимира оваа власт на ДУИ и СДСМ“, одговорија од Алијанса за Албанците за МКД.мк

Од партијата велат дека е сѐ во ред во рамки на албанската опозиција и дека не се нарушени односите со Алтернатива.