Што поседувал првиот човек на градот под Шар Планина во моментот кога го доставувал анкетниот лист?

Што поседувал првиот човек на градот под Шар Планина во моментот кога го доставувал анкетниот лист? Сите новоизбрани советници и градоначалници имаат рок од еден месец до Државната комисија за спречување на корупција да ги достават анкетните листови за имотната состојба. Еден од нив е пратеникот Биљал Касами, кој сега е нов градоначалник на Тетово.

Според податоците, Касами има земјиште и во Боговиње, и во Тетово и во село Леарце. Најмногу вреди тоа во Тетово чија вредност е проценета на над три милиони денари, а Касами го навел како имот на родители. Земјиштето во Боговиње е поголемо, но има помала вредност, а тоа е имот од брачен другар. Во Тетово Касами има куќа која вреди над 8 милиони денари и исто така е имот од неговите родители. Куќата, како што пишува, е 526 квадрати.

Касами пријавил златен накит вреден 1,2 милиони денари како имот од сопругата, а мерцедесот Ц220 кој е впишан во анкетниот лист напишал дека е имот од родителите.

Касами има побарувања за кои навел дека се или дадени заеми или некои удели и сите се од 2016 година, а заедно вредат околу 7 милиони денари.

Како приходи Касами има и пари од закупнини по 12.300 денари месечно, ама и тие се имот на родители.

Новиот градоначалник на Тетово има депозити во две банки, ама во анкетниот лист не се соопштува за колку пари станува збор.

Извор: Фактор