„Ирфан Бучи, поранешниот заменик – директор на Царината од редовите на ДУИ, по поразот на неговата партија на локалните избори бара одговорност. Според она што се разбира од неговото пишување, тој бара одговорност од Артан Груби.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата вест со наслов „Експлозија во ДУИ: бараат од Артан Груби одговорност и положување сметка“.
Агенцијата пишува: „Артан Груби и направи многу опструкции на Теута Арифи на овие избори. Го одби маркетингот за промоција на Теута Арифи во кампањата. Ги одби бизнисмените, кои сакаа да се сретнат со него. Ги одби функционерите на ДУИ во Тетово за секое нивно барање.“
„Еве ја објавата на Ирфан Бучи во целина: ‘Заслужена казна од народот. Ароганцијата и игнорирањето никогаш не биле дел на ДУИ. Од утре сметка.“ – пренесе „Журнал“.
Инаку, на крајот од својот пост Ирфан Бучи му испраќа на Артан Груби порака со кратенката на албански јазик „СРМН“, составена од првите букви од зборовите на насловот на една лирска песна на албанскиот пејач Ледри Вула од 2015 година со значење: „Не можеш да останеш повеќе со нас.“





