Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша на собир со членови и симпатизери на Демократската партија, чиј почесен претседател е, го коментираше поразот на СДСМ на локалните избори што доведе до оставка на Зоран Заев како премиер и претседател на СДСМ, пренесува Ора њуз.
Тој ги поздравил македонските гласачи, за кои рекол дека му го поништиле билетот на „авантуристот“ кој Македонија ја претворил во „јаболко на раздорот“ за Бугарија и Србија.
Со заминувањето на Заев, како што рекол, мртва е иницијативата „Отворен Балкан“, проект „против Косово и албанската нација“.
– Испраќам срдечен поздрав до гласачите во Северна Македонија кои го поништија билетот на еден авантурист, кој со својата авантура ја претвори Северна Македонија во јаболко на раздорот меѓу Бугарија и Србија. За овој слеп политичар заборави дека за Белград Македонија не е ништо друго освен јужна Србија. Македонија е создадена за да го спречи формирањето на Голема Србија, на Голема Бугарија. Истрча кон Белград како да е син на Пашиќ – рекол Бериша.





