Касами: Владата да продолжи – владиното мнозинство може да се прошири со пратеници од опозицијата

„Лидерот на Беса и нов градоначалник на Тетово Билал Касами вечерва во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ на ТВ21 истакна дека ‘оваа Влада има мандат и треба да продолжи’, додавајќи дека ‘приоритет е интеграцијата во Европската Унија“ – објави ТВ 21.



ТВ 21 на својот портал пишува: „Заев не се консултираше со партнерите во коалицијата пред да каже јавно дека ќе даде оставка. Ќе се сретнам со него и ќе разговараме.’ – посочи Касами. Тој додава дека како претседатели на партиите во коалиција треба да се консултираат меѓу себе пред што и да претендираат.“

„Упатувајќи поддршка до актуелното мнозинство, Касами во емисијата нагласи: ‘Треба да се забрза евроатлантскиот процес на државата. За нас е важно да продолжи Владата во тој правец. Не сум имал средба со Заев. Ќе се сретнам со него оваа недела. Ние имаме договор со Заев, кој е претседател на СДСМ. Ние добивме мандат од граѓаните на изборите во 2020 година и имаме обврска да го продолжиме мандатот.“

„Лидерот на Беса и градоначалник на Тетово Касами вели дека с.Македонија нема друга алтернатива освен евроатлантскиот пат, но додава и дека треба реконструкција на Владата: ‘Треба да има промени. Не сме сигурни дали ќе гласаме за сите министри на ДУИ.“

„Во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ Касами рече дека очекува актуелното владино мнозинство да се зголеми, односно пратеници од опозицијата да се приклучат на мнозинството: ‘Мислам дека тоа ќе се случи. Имаме силна поддршка од Вашингтон.’ – посочи Касами.“

„Со Касами беше разговарано и за тоа дали министерката за одбрана Радмила Шекеринска може да биде предложена за мандатар. Касами во врска со ова порача: „Не знам каква Влада може да биде со Радмила Шекеринска. Тоа се шпекулации. Но, пак ќе кажам: ние имаме договор со Заев како претседател на СДСМ и со никој друг.“ – објави ТВ 21.