Таравари побара оставка од Ахмети поради поразот во „личната битка“ за Гостивар

Старо-новиот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да ја преземе одговорноста за поразот и во втората општина по големина во полошкиот регион по загубата и на Тетово.



„Градоначалничките избори во Гостивар беа лична битка што Али Ахмети ја загуби. Тој сега треба да понесе одговорност и да си даде оставка“, порача лекарот и поранешен министер за здравство од Алијанса за Албанците.