„Аријанит Хоџа, генералниот секретар на Движењето Беса и шеф на нејзиниот Изборен Штаб, во својата изјава пред медиумите кажа дека Движењето Беса никогаш нема да учествува во заедничко владеење со една антиамериканска и антиалбанска партија, како што е Левица.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА. во својата вест со наслов „Хоџа: Нема да има Влада со антиамериканска и антиалбанска Левица“:
„Новото мнозинство го воспоставуваат граѓаните преку парламентарни избори. Сега велам за првпат дека ние не можеме да влеземе во ново парламентарно мнозинство со гласови, кои зависат од партија како што е Левица, која има антиамерикански и антиалбански пристап во својата програма. Не можеме ниту да разговараме за такво мнозинство со таква партија. Ние не можеме да дозволиме едно владеење да зависи од партија, која е деструктивна.’ – рече Хоџа“ – информираше ИНА.





