Извори во јавното обвинителство тврдат дека државниот обвинител Љубимир Јовески размислува да ја напушти својата позиција на прв македонски обвинител.
Изворите кои инсистираат на анонимност дилемата на Јовески дали да остане или да си замине во пензија ја објаснуваат со сериозни предизвици и притисоци со кои се соочува јавнообвинителскиот систем поради обиди да се влијае на неколку предмети во кои се инволвирани луѓе од врвот на власта или блиски на високи државни функционери.
Јовески кој неодамна наполни 67 години бил разочаран и од бавното спроведување на ветувањето за негова инсталација во Уставниот суд, информација која прв ја објави expres.mk а Јовески подоцна ја потврди.
Луѓе од негово опкружување велат дека тој се плаши дека на крајот на кариерата нема да биде избран за уставен судија а во исто време може да се соочи со кривичен прогон заради непостапување на процесни и истражни дејствија во неколку предмети за кои информации и докази имаат повеќе други институции, организации, поединци и дипломатски претставништва.
Во еден од случаите за кои може да одговара Јовески во постапката била спроведувана стара верзија од закон и со тоа биле прекршени позитивни правни прописи но засега нема институција или обвинител кои надвор од политичките стеги независно би го истражувал овој случај.
Други извори во обвинителството велат дека Јовески може да биде злоупотребена , да биде натеран да замине и да стане дефокус со кој до декември додека замине Заев, јавноста би се занимавала со состојбите во правосудството.
Третото сценарио за судбината на Јовески кој меѓу високи функционери во владата се нарекува со навредливи називи заради неговата старост е тој да биде заменет со друг близок човек на Зоран Заев пред формалното заминување на премиерот со што тој и од сенка би имал контрола на обвинителството.
Главна кандидатка за позицијата на Јовески доколку тој реши да замине засега е контроверзна екс обвинителка на СЈО која има директни контакти со Заев за предмети од личен интерес за премиерот во заминување.
Во комбинаториките за евентуален нов обвинител се споменува и човек од правосудството кој е близок на ДУИ како заинтересирана страна за контрола на кривичниот прогон по евентуално заминување на ДУИ во опозиција.
Во обвинителствата во моментов се водат повеќе случаи во кои се инволвирани блиски луѓе на Заев како неговиот брат и братучед Вице и Трајче но и други лица блиски на лидерот на СДСМ.
По поразот на СДСМ на локалните избори и речиси извесните предвремени избори дел од обвинителите но и судии се охрабруваат да зборуваат за намерни чекори со кои се забавувале, стопирале или погрешно насочувале предмети со цел да се спасат дел од погоре споменатите осомничени.
Во исто време обвинители и судии биле дел од одвратни случувања во кои на пример на двајца луѓе од опозицијата кои биле во ист политички инструиран предмет и биле во емотивна врска, повеќе од 2 години им било забранувано и да се гледаат иако планирале семејство и деца.
Посебен товар за Јовески и неговиот обвинителски систем е случајот Камчев кој веќе крена прашина во Брисел откако бизнисменот беше притворен со помош на службена белешка на Агенцијата за национална безбедност која ја контролира Зоран Заев.
Државниот обвинител во Македонија се бира на предлог на владата со просто мнозинство од 61 пратеник во Собранието.






