Краток но урнебесен дијалог меѓу македонски и српски интелектуалец за оставката на Заев.
“Прва сцена што ми падна на памет за најавено повлекување и во последна секунда предомислување, е она на Џордан Белфорт познат како Волкот од Вол Стрит!
Покрај сите опомени, криминали и незаконски дејствија, тој одлучи да ја промени одлуката за повелкување, а истата беше проследена со овации и еуфорија, од партнерите, менаџерите и сите инволвирани!
Во следната сцена сите до еден беа со лисици на раце извадени и пратени на долг одмор!”, пишува скопјанецот Никола Трајчевски за оставката на Заев користејќи го хаштагот
#Гледанвиефилмот 😆.
На овој пост со прашање полно со чудење реагира српски интелектуалец кој предходно разбрал дека Заев веќе дал оставка и приказната е завршена.
“Ne razumem, jel dao ostavku čovek il nije?”.
На тоа Трајчевски со доза на иронија и македонизирана српска синтакса му одговара:
“Дао је, ал није поднео 😆😆”.
Сите регионални и светски медиуми што ја објавија веста за оставката на Заев создадоа вообичаен впечаток дека премиерот навистина се повлекува по што многумина се збунија кога партиски структури под контрола на Заев прават обид Заев сепак да не замине







