Милевски од ЛДП: Ќе има нова влада, премиерот даде оставка

Некој кога ќе сака да земе се, може на крајот да остане ништо и тоа е пораката која што граѓаните ја испорачаа на овие избори, порача Горан Милевски, претседател на ЛДП во „Утрински Брифинг“.



Милевски додаде дека и покрај големите притисоци за да не победи кандидатот на ЛДП во Шуто Оризари, сепак ЛДП победи.

Милевски ли дека дојде време кога треба повеќе гласот да се слуша на ЛДП. Од Владата ЛДП беше доведувана пред свршен чин за некои работи, кои што ги дознаваа од новинарите еден ден или неколку часа претходно. Но на тоа веќе е завршена работа.

„Даваме последна шанса, како да ја наречам да се поправи Владата. Ќе има нова влада сега бидејќи премиерот си даде оставка. А, тоа значи дека Владата е во оставка. Значи не може да си замине премиерот, а министрите да си останат“, вели Милевски.