Првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов смета дека нема потреба од нови избори, но дека оставката на Заев ќе создаде проблеми.
„Имавме средба вчера во Владата каде сите едногласно се согласивме дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека нема потреба за нови избори.
Локалните избори се за избор на градоначалници и советници, тие не треба да ги мешаме со централната власт.
Прoблемите настанаа по оставката на Заев. Нов мандатар ќе отвoри нови прашања, мој заклучок е дека Заев останува цврсто на својата одлука“ – рече Трајанов во гостување на Студио 10.






