Мицкоски до градоначалниците: Заборавете на матни тендери, не заборавајте од каде доаѓаме (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им се обратам до идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ со порака: Немојте да го разочарате народот.



“Заборавете на привилегиите кои ги носи функцијата, засукајте ги ракавите и од утре на работа! Вашите фотелји заменете ги со излегување на терен, работа со граѓаните и носење решенија на нивните проблеми. Заборавете на матни тендери и договори во четири очи. Никогаш не заборавајте од каде доаѓаме!

Јас ќе бидам вашиот најдобар пријател, но и најостриот критичар.

Овој народ заслужи и мора да види разлика и резулати. Тие луѓе мора да знаат дека стојам зад секој мој збор.

Имаме многу работа пред нас и резулатати да испорачаме. Не смееме да изневериме. Ова е огромна доверба и мора да знаеме да ја почитуваме.

Одиме до конечна победа и нова иднина!”, порача Мицкоски.

Видео на овој линк

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1996404270535022/