САД ќе продолжат соработка со Македонија и по оставката на Заев

САД очекуваат да ја продолжат соработката со Северна Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на барањето да ја искоментира најавата за оставка на премиерот Зоран Заев по вчерашните локални избори.



„Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев“, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот.

Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.

Заев поднесе оставка како премиер и претседател на СДСМ по вториот круг од локалните избори, откако ВМРО-ДПМНЕ победи во 42 општини, вклучувајќи го и Скопје.