Злоупотреба на Владата за партиска средба?

Иако Зоран Заев поднесе оставка и веќе не е ниту премиер, ниту лидер на СДСМ, тој денеска организираше средба на своите коалциски партнери во просториите на Владата.



Ништо немаше да биде спорно ако партиска средба закажеше и одржеше во партсо седиште, но со овој негов потег тој прави злоупотреба на Владата како институција и објект, коментира Вечер.мк.

Дополнително на тоа, додава порталот, направи и злоупотреба на вработени во Владата кои освен што морале да присуствуваат на работното место иако средбата не е во нивна надлежност или работен интерес, требало да напишат и испратат и известувања до медиумите. За партиската средба која денес си ја направи Заев, не информираше прес-службата на СДСМ, туку прес-службата на Владата.

-Коалициските партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Македонија ѝ е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување, се наведува во соопштението.

Како што соопшти Владата, заеднички било констатирано дека на Македонија и на граѓаните на земјата не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.