Незгодна ситуација – Џабир Дерала не ја прифаќа оставката на Заев

По вчершаната одлука да поднесе оставка на премиерската и на функцијата претседател на СДСМ, Зоран Заев се исправи пред огромен проблем. Имено, Џабир Дерала, самонаречен борец за човекови права, владин-невладин активист и уредник на партиското гласило Цивил медиа (и редица други слични „независни“ медиуми“) не ја прифаќа оставката на Заев.



„Што се однесува до оставката која јавно ја поднесе, ситуацијата е јасна. Таквата одлука не е добра за партијата, не е добра за владата, не е добра за државата. За партијата можеби треба да се грижат партиските членови, нивна одлука е дали и како ќе ја третираат оваа оставка. Но за владата и државата, збор имаат и сите граѓанки и граѓани на земјата.

Едноставно, Заев отвори и води процеси меѓу кои има и такви што ќе влезат не само во македонската, туку и во европската и светската практика. Мора да продолжи да ги води. Едноставно, мора. Тоа им го должи на коалиционите партнери, а особено на граѓан(к)ите.“ – пишува Дерала во пропaгандното гласило.

Целиот текст на колумната на Дерала на следниот линк:

Фала за оставката, не е прифатена!