Ордановски: „Жолтиот картон“ од првиот круг стана најцрвен во вториот!

(…)



Прасето пред Божик не се згои! Предизборните прогнози на СДСМ доживеаја потполн дебакл. Додуша, на избори за чиј доминантен демократски тек тие беа најмногу „надлежни“, за што треба да им се упати заслужен комплимент.

За поразот, несомнено, е најодговорен Зоран Заев. Но, тој и кога губи, како и кога победуваше, одржа „премиерна“ национална лекција што ќе се памти: ја честиташе победата на противниците, а потоа без траги на нерешителност, си поднесе оставка и од премиерската и од партиската претседателска функција – нешто што во демократска Македонија до сега не е забележано-пишува новинарот Сашо Ордановски во колумна за „Слободен печат“

„Би се рекло, во „свој стил“ му ја помати дури и големата победа на главниот опонент, Христијан Мицкоски, бидејќи такво „државничко однесување“ нему никогаш ни на ум не му паднало, а приликите му биле и побројни и не помалку убедливи.

Според тоа, Македонија е, официјално, во политичка криза. Заев, навистина, повика сегашната Влада да го продолжи својот регуларен мандат во наредните две ипол години, но факт е дека тој врз развојот на настаните повеќе нема решавачко влијание. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на нецел час по затворањето на бирачките места оцени дека „Владата и мнозинството се стабилни и покрај епилогот во оваа рунда“.

Но, таа стабилност не ја гарантираат само СДСМ и ДУИ “ вели Ордановски…