Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Шуто Оризари, Ферит Асан изгуби во вчерашнниот втор круг од локалните од неговиот противкандидат и досегашен градоначалник, Курто Дудуш.
Во слично сценарио како „кумановското“ со Максим Димитриевски, социјалдемократите решија да не го номинираат Дудуш кој е на чело на општината од 2017 како кандидат на СДСМ.
Дудуш ја прифати понудата на коалицијата ЛДП-ДОМ да настапи како нивен кандидат.







