Во Битола поголема излезност од онаа на изборите во 2017

Во Битола излезноста во вториот круг за избор на градоначалник годинава е поголема дури и од онаа во 2017. Според податоци од Државната изборна комисија, на територијата на Општина Битола право на глас имаат 80.882 лица, на 170 избирачки места до 15 часот гласале 41,68 отсто од жителите евидентирани во Единствениот избирачки список.



На територијата на Општина Демир Хисар се гласа на 36 избирачки места. Право на глас имаат 6.959 лица евидентирани во Единствениот избирачки список, а до 15 часот гласале 64,03 проценти од граѓаните со право на глас.