До 13 часот излезноста во вториот круг од локални избори е 24,87 проценти, истакна претседателот на ДИК, Алкесандар Даштевски.
Посочува дека до овој момент своето право на глас го оствариле 269, 674 запишани гласачи.
Даштевски посочи дека овие бројки значат дека излезноста е поголема од минатиот круг до 13 часот.
Висока излезност во овој момент има во Вевчани 52,46 проценти, Демир Капија 44,41 процент, Конче 42,65 отсто, Пехчево 42,18 проценти, Демир Хисар 39,68 %, Гевгелија 34,24%, Битола 32,03% и Охрид 30,15 проценти.
Во најголем дел од останатите општини излезноста до 13 часот е под 30 проценти.
Се уште мала излезност, од под 10 проценти има во Сарај, Театрце, Шуто Оризари.
Даштевски истакна дека досега немаат пријава за создавање на редици на избирачките места.





