Дуњата потекнува од југозападна Азија, поточно од Персија и Анадолија, а самоникната се наоѓа и во средна Европа. Позната е под името „сидониска крушка“.
Дуњата е богат извор на витамин Ц (15 mg, што е 18,8% од препорачаниот дневен внес). Содржи и бета каротин и јаболкова киселина. Поради присутниот пектин, од дуњата се приготвува вкусен мармалад и желе.
За лек се користат плодовите, листовите и семето од дуњата. Слузта од семето на дуњата (Mucilago Cydoniae) се прпрема со ставање на семето во вода, а се користи за лекување на рани настанати од долготрајното лежење на болните, за лекување на изгоретини, и како средство за облоги при воспалени очи и распукана кожа.

Благодарение на слузта и пектинот, дуњата е многу добра за лекување на воспаленија на грлото и слузницата на крајниците и на дишните патишта.
Слузта се користи, исто така, и во козмеетичката индустрија, за правење на лосиони и креми за кожа.
При воспаленија на слузницата на желудникот и цревата се препорачува варена дуња, која ги ублажува јаките проливи. Плодовите на дуњата содржат слузави материи: пектин, масла, амигдалин, фосфорна киселина и витамин Ц.
Дуњата е природен лек и за слабокрвноста.

Сокот од дуња, сварен со еднаков дел на шеќер, е извонреден сируп против заболувања на дишните патишта и болестите на грлото. Бидејќи дуњата стега, се препорачува сируп од ова овошје за лекување на рани, а помага и при пролив.





