Производителите на вакцини се противат да донираат зџакцини за сиромашнитре земји и – и бараат пари. А тоа е овозможено со договорите што ги склучија со ЕУ, пишува Дојче Веле.



Државниот секретар на Гертманија, Томас Штефен изјави: „Наскоро ќе се соочиме со ситуација во која некои земји треба да уништат големи количини вакцини кои итно им се потребни на другите земји“.

Договорите склучени од Комисијата на ЕУ со производителите на вакцини минатата година им даваат на овие компании де факто право на вето кога вакцините се дистрибуираат во трети земји. Тоа значи дека производителите треба да се согласат со оние договори за донации што, на пример, Германија ги склучува со друга земја.

Некои компании очигледно бескрупулозно ја користат можноста за вето. Во споменатиот допис Штефан вели дека производителите „ги диктираат минималните цени“ или бараат од примателите „прекумерна компензација за разликата во цената“.