Чернева: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан тргна наназад

Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, не само што се сопна, туку се врати назад, вели заменик-директорката на влијателниот невладин центар – Европски совет за надворешни односи, Весела Чернева.



Во интервју за Бугарското национално радио Чернева вели дека земјите од Западен Балкан потонале во сопствените проблеми, а евроинтеграциите престанале да бидат катализатор за реформи и стимулатор за политичарите.

Чернева сепак смета дека, кога Македонија и Албанија ќе започнат преговори со ЕУ, целата клима на односите со Унијата ќе се промени.

Како што пренесува МИА, Чернева учествува на белградскиот безбедносен форум, на кој била коментирана улогата на Бугарија на секоја средба на многу негативен начин во врска со бугарското вето, кое ги спречи Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ.

Таа предвидува дека акумулацијата на критичните точки на Балканот, особено околу српските заедници, може да стане проблем, наведувајќи ги како пример тензиите во Босна и Херцеговина кои растат во последните месеци и кои може да кулминираат за две недели.