Бугарија со својата политика и наметнатото вето во извесна смисла го компромитира македонско-бугарското пријателствон изјавил вицепремиерот Никола Димитров во интервју за српски медиум, пренесува БГНЕС:
„Ние практично го решивме прашањето со Бугарија и потпишавме Договор за пријателство прво со Бугарија, за потоа да се свртиме кон Грција и да го решиме големиот проблем.
Во член 2 од Договорот стои дека Бугарија ќе ни помогне на патот кон ЕУ. Како и да го толкуваме зборот „помага“, тоа не значи блокирање и ставање вето и во извесна смисла со оваа политика Бугарија го прекршува Договорот за добрососедство, пријателство и соработка што го склучивме, како во однос на помошта на европскиот пат, така и од гледна точка на немешање во внатрешните работи, бидејќи македонскиот идентитет и македонскиот јазик се наша работа.
Тоа не е работа на трета земја“, изјавил Димитров за Еуроњуз Србија.
БГНЕС потсетува дека точниот текст на чл. 2 од Договорот од 1 август 2017 година гласи:
„Бугарија ќе го сподели своето искуство со цел да ѝ помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската унија и ќе ја поддржи Република Македонија да добие покана за членство во НАТО“.







