Македонија има резерви на мазут за само еден месец да ја покрие работата на ТЕЦ Неготино и тоа само на еден котел.
Оттаму за Сител велат дека вкупните количини со кои располага нашата држава се околу 17.000 тони мазут – дел се од стоковите резерви, дел од ТЕЦ Неготино.
За десетина дена ќе биде распишан повик за набавка на мазут, за да може да се активира термоцентралата.
Ќе се бараат фирми кои ќе може да испорачаат количини мазут за да може да работи само еден котел.
За да се активира и вториот неопходни се над 30.000 тони мазут месечно.
За да се покријат домашните потреби од струја во земјава, се донесе одлука да се активира ТЕЦ Неготино кој не работи повеќе од десетина години.






