Груби: Без ДУИ Влада не бидува! – Села: Во новото мнозинство ќе има и од ДУИ!

„Влада без ДУИ – не бидува! Никогаш нема да се случи мнозинство, кое ќе биде против НАТО и ЕУ, против Рамковниот договор и рамноправноста!“ – напиша Артан Груби на својот фејсбук – профил, реагирајќи по многубројните најави дека од понеделникот, 1.ноември 2021 година по завршувањето на локалните избори започнува постапката за создавање ново парламентарно мнозинство.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.



ИНА ја пренесе целосната објава на фб на Артан Груби на фејсбук: „ Оставете ги празните зборови, на кои и самите не им верувате! Не потценувајте ги граѓаните.
За да се сочини Влада, треба да победите на парламентарни избори и да имате оверба на граѓаните.
Мнозинство против НАТО, против ЕУ, против рамноправноста, против Охридскиот договор – не, не, не, нема да се случи никогаш!
Биди со победниците, со оние што ги сакаат НАТО, ЕУ, Америка, рамноправноста и благостостојбата.“

Инаку, токму лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села во дебатниот магазин на ТВ 21 „Клик Плус’ вечерва изнесе тврдење дека од понеделникот ќе започне создавањето на новото парламентарно мнозинство. Во врска со ова тој во оваа емисија уште кажа: „Првиот круг на локалните избори покажа дека СДСМ е во слободен пад. Во коалицијата на СДСМ постојат субјекти, кои никако нема да прифатат да одат на предвремени парламентарнми избори со слаб партнер. Ќе имаме стабилно мнозинство. Има експоненти и од ДУИ и од СДСМ, кои ќе бидат во составот на новото парламентарно мнозинство. За да се урне Владата, треба да се предаде интерпелација и треба да се имаат 61 глас.“