Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починале 9 лица од последици на коронавирус: По 2 починати лица од Скопје (60г и 64г) и Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови.
Направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на КОВИД-19: Од
Скопје – 155, Прилеп – 31, Куманово и Велес – по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип – по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и Пробиштип – по 10, Радовиш – 7, Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6, Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5, Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Крушево – 1.
Регистрирани сe 329 оздравени пациенти.






