Коњановски: Гарантирам граѓанско учество во распоредувањето на трошењето на општинскиот буџет, сите заедно ќе ги одредуваме приоритетите

„На само два дена пред изборното финале, стојам пред вас со истото лице, со истиот образ и ветување што го дадов и на првиот ден од кампањата. Јас сум еден од вас, битолчанец кој својот живот и приватно и професионално го поминав во Битола, секогаш со заложба градот да ни биде подобро место за живеење. Тоа е и единствената причина заради која влегов во оваа битка, бидејќи оваа битка не е за мене, туку за Битола. За вас, моите сограѓани, за конечно да се чуе гласот на битолчани што и како ќе се прави во нашата општина“ – изјави кандидатот за градоначалник на Битола Тони Коњановски.



„Мои битолчани и денес го потврдувам она што ја одбележа мојата кампања:

Прво – Гарантирам директно граѓанско учество во распоредувањето и трошењето на општинскиот буџет, сите заедно ќе ги одредуваме приоритетите;

Второ – Јас како лекар знам да ги слушам граѓаните, знам да се консултирам, и знам да ја донесам одлуката за оптимално решение на проблемот;

Трето – Отвореност, чесност и работа се принципите кои се темелот на мојот карактер, а човекот го внесува својот карактер во се што работи. Каков си, такво ти е делото;

Четврто – Почитувам стручност и компетентност. На Битола и е потребна брза и решителна акција. Мора да свртиме нова светла страница, за сите нас;

Петто – Гарантирам дека вие, почитувани мудри битолчани, го носите прогресот не само во Битола, туку и во Македонија;

Шесто – Силно верувам дека на 31 октомври ќе бидеме победници ние – ЗАЕДНО, ќе победи нашата Битола;

Седмо – За победничкиот број СЕДУМ, од срце ви благодарам за поддршката, за храброста да бидеме сојузници. Ви благодарам за вашиот глас и ве повикувам да ја потврдиме силната желба за прогрес на нашата Битола, сите заедно, масовно и силно и на 31 октомври да гласаме за победа на Битола, за победничкиот број СЕДУМ“ – додава Коњановски.