Во интервју за весникот „Политика“ на прашање поврзано со стабилноста на владината коалиција во Македонија и можноста за предвремени парламентарни избори, прмиерот Зоран Заев отфрла можност за педвремени парламентарни избори со образложение дека неговата влада имала „чисти“ 2,5 години да сработи.
„Јас цврсто стојам на тоа дека треба да се зграби оваа можност и државата веднаш по овие избори (локалните) да продолжи напред кон раст на платите и пензиите и кон отворање на нови 150.000 работни места колку што имаме испланирано за следните години, вели Заев во интервјуто за „Политика”, а пренесе МИА.
Премиерот оценува дека владината коалиција е стабилна и нагласува дека очекува таа да расте.
Заев меѓу двата круга на локалните избори во Македонија изјави дека ако „го изгуби Скопје“ ќе се повлече од премиерската позиција.
Премиерот, да потсетиме, рече дека доколку СДСМ го изгуби Скопје, ќе даде оставка….







