Оштетени штедачи: Фирми на Заеви не вратиле огромни долгови кон „Еуростандард банка“

Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, излегол од сопствеништвото на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која има сомнителен и спорен долг во Еуростандард банка од околу 600.000 евра и нема платено ниту една рата 620 дена пред затворање на банката минатата година, обвинува Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка, во допис упатен до медиумите.



„Според јавно достапни податоци од Централен регистар, Вице Заев ја напуштил фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица на 18 февруари оваа година. На негово место како косопственик во фирмата влегол З. М. додека другите двајца крајни косопственици, С. Б. и Р.К., останале во фирмата.

Во последните две години фирмата имала загуби од 16.000 до 65.000 илјади евра, и двапати поголеми обврски од капиталот на фирмата. Во 2020 година приходите на фирмата биле само 4.800 евра. Фирмата должи и околу 560.000 евра за неплатени даноци према државата односно кон Управата за јавни приходи.

Вице Заев бил континуирано косопственик во оваа фирма од 2010 година, за да ја отуѓи истата со…

Повеќе на следниот ЛИНК